Краткиот филм „Шумарот“ триумфираше во Норвешка

Краткиот филм „Шумарот“ освои прва награда во категоријата најдобар краток филм на 13. Интернационален филмски фестивал во Берген, Норвешка.

На фестивалот во категоријата најдобар краток филм од Норвешка беа номинирани шест филмови од најразлични автори во трката за наградата. Во жири комисијата беа членови од Западно норвешкиот филм, Универзитетот во Берген и независни филмски режисери.

На Фестивалот публиката исто така може да гласа и учествува во изборот на победникот.

Ова е четврти фестивал во Норвешка на кој краткиот филм „Шумарот“ ги освојува симпатиите на жири комисијата и публиката. Дистрибутерот на филмот, Норвешкиот филмски институт, смета дека филмот „Шумарот“ е на одличен пат кон освојување на симпатиите на интернационалната публика и негова промоција на интернационалните фестивали.

„Шумарот“ е филм на студентите од Норвешката филмска школа од Лилехамер, кој се работеше во соработка со филмската компанија ВЕДА Филмс од Скопје претставувана од македонскиот продуцент Елена Станишева и поддржан е од страна на Филмскиот Фонд на Македонија

You May Also Like