По националната награда „Странски студент на годината“ на Р. Бугарија 2012, ексклузивката на Горила продукција Сара Костадиновска alias Sarah Mace утре (16 јуни, недела) во 20:30 часот гостува во Студио 5, Софија со авторски концерт насловен како “Sarah Mace acoustic”.
Концертот ќе претставува симбиоза од поп, џез и класична музика, потопена во минималните динамики од звуците на харфа, пиано, гитари, саксофон и перкусии. На сцената ќе многу македонско-бугарско пријатество со Ива Христовска (гитара, вокали), Даниел Тодоров (гитара), Стефан Здравески (саксофон, вокали), Мартин Марков (пиано), Александар Бахнов (пиано) и Стиљан Славков (перкусии).
извор: mmm.com.mk