Денеска (недела, 24 август) од 21:00 часот на летната сцена на Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп целовечерен концерт ќе одржи една од најпознатите групи во Македонија, ФОЛТИН.
ФОЛТИН учествувале на бројни музички и театарски фестивали низ Македонија и во странство, а неколкупати е наградена за творештвото, а последните години групата активно соработува со ЦК “Марко Цепенков” во рамките на претставите што режисерот Мартин Кочовски ги режира во театрот “Војдан Чернодрински”.
Музиката на групата е необична и тешко може да се дефинира. Обично се опишува како надреална, страстна и жива, со жешка танцувачка атмосфера. Фолтин себе си се опишуваат како псевдоемигрантско кабаре и често нивните концерти се претвораат во вистински перформанси.
Во бендот членуваат Пеце Николоски (кларинет), Бранислав Николов( вокал гитара), Пеце Трајковски (дигитален акордеон), Гоце Јованоски( Бас), Славчо Јовев (тапани) и Маријан Станиќ(перкусии)