Во вторник (20 ноември, 2012 година) во Универзалната сала во 20:00 часот, „Љубојна“ ќе го промовираат своето ново издание насловено „Ljubojna brass fantasy“.
Концертот на „Љубојна“ е дел од годишнава програма на Есенските музички свечености 2012, што се под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура. Концертот е во организација на Центарот за култура Битола и Универзална сала – Скопје, а на него ќе биде изведена беломорска и егејска музика.