Денеска (петок, 8 август) од 20:30 часот во Киното Мис Стон во Прилеп целовечерен концерт ќе одржи октетот Прилеп. Концертот е во рамките на Прилепското културно лето, што го организира Центарот за култура “Марко Цепенков”.
Октетот ќе исполни дел од композициите од неговиот богат репертоар, меѓу кои “Билјана платно белеше”, “Кате Кате лично моме”, “Те видов и се заљубив”, “Ангел прекрасен” , “Ако бевме заедно”…..
Октетот “Прилеп” подолги години ја одржува традицијата за староградска песна, работејќи под закрилата на ЦК”Марко Цепенков”. Членовите велат дека пејат со душа и од срце. Октетот има издадено три албуми со 40 композиции.