Утре, (вторник, 29.11.2011) во Музеј на Град Скопје ќе се одржи концерт на класична музика на триото сочинето од Гонца Богоромова – сопран, Паскал Краповски – виолончело и Милица Шкариќ – пијано. Програмата која ќе биде изведена на овој концерт е следната:
1. Ф. Бриџ – соната за виолончело и пијано во де-мол, H.125;
– Allegro ben moderato
– Adagio ma non troppo, Molto allegro e agitato, Adagio ma non troppo
2. П. Хиндемит – извадок од Кантата оп. 35
– “ФУЛИС” (текст: Ј. Л. В. Глајм)
– Токата за виолончело
– Куранта за сопран и виолончело
3. В. А. Моцарт – “Vado, ma dove?”
– арија на Мадам Лучија од операта “Il burbero di buon cuore”
4. В. Белини – “Eccomi in lieta vesta… O quante volte!”
– каватина на Џулиета од операта “Capuleti ei Montecchi”
5. Г. Доницети – “So anch’io la virtu magica”
– каватина на Норина од операта “Don Pasquale”
6. А. Боито – “L’altra notte…”
– арија на Маргарита од операта “Mefistofele”
7. Џ. Верди – “Sorta e la notte… Ernani!”
– речитатив и каватина на Елвира од операта “Ernani”
Почетокот на концертот е закажан за 20:00 часот, влезот е слободен.
________________________________________________
ГОНЦА БОГОРОМОВА
-сопран-
Родена во Струмица, 1985 година. Своите музички почетоци ги има со детскиот хор „Деница“, под диригентско водство на проф. К. Тимов, настапувајки на бројни натпревари и културни манифестации како во државата и надвор од неа и каде што уште од најрана возраст го покажува својот талент.
Средно музичко образование завршува во УЦМО-Штип, отсек соло пеење, во класата на проф. м-р Александра Коцевска. Во текот на школувањето остварува бројни концерти во рамките на училишните манифестации како и низ градовите во државата.
Во 2003год. ги започнува додипломските студии на факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Билјана Јакимовска-Јовановска, каде што 2007 год. дипломира со највисока оцена – CUM LAUDE.
Добитник е на награди на државните натпревари по соло пеење:
– 2000год. – Државен натпревар во Битола, освоена втора награда.
– 2003год. – Државен натпревар во Скопје, освоена втора награда.
– 2007год. – Учество на интернационалниот натпревар Jeunesses Musicales во Белград.
– 2010год. – Учество на интернационалниот натпревар “Francesco Vinas” во Барселона.
Настапува на многубројни манифестации и концерти: „Музика Вива“, „Скопско лето“, „Прилепско културно лето“, „Гевгелиски есенски свечености“, „Дојрански ракувања“, свечените концерти по повод денот на ’’Св. Кирил и Методиј’’ , „Пријатели на Оперската Уметност“, ДММ.
Настапи со Мандолинскиот оркестар при МКЦ под водство на маестро Сашо Татарчевски. Настапи со оркестарот на Македонската Опера и Балет во . рамки на „Млади Оперски Надежи“ со маестро Фимчо Муратовски и Сашо ТатарчевскиНастап со Македонската Филхармонија на фестивалот „Интерфест“ во Битола со маестро Саша Николовски-Ѓумар. Значајна е изведбата на Серенадата оп. 35 за сопран, обоа, виола, виолончело и пијано од Пол Хиндемит како премиерна изведба во Македонија.
Од 2007 год. е солист и член на хорот при Еврејската Заедница во Македонија, “Моис Хасон ” под водство на маестро Томислав Шопов. Во октомври 2007 год. остварува соработка со проф. Оливера Милјакович во нејзиното оперско студио во Виена. Од 2008 год. Член е на хорот при храмот на “Рождество на Пресвета Богородица” во Скопје. Од 2009 год. соработува како солист со хорот “Франце Прешерн” при Словенската заедница Македонија под водство на маестро Т. Шопов.
Г. Богоромова е активна на музичката сцена во и надвор од Македонија како солист и како камерен уметник која соработува со еминентни музичари.
Во 2010 година заедно со свои колеги го основуваат првиот од таков вид во Македонија-вокален ансамбл „Вокали“, настапувајки на 33. ДММ и во рамките на Скопскo лето. По повод 66 годишниот јубилеј на Македонската Филхармонија, поканета е да настапи како солист, изведувајќи ја премиерно праизведбата на композицијата “ Марика мома убава ” од Томислав Зографски за сопран и симфониски оркестар.
Од 2008 година работи како хонорарен наставник по соло пеење во ДМБУЦ “ Илија Николовски – Луј” во Скопје.
Паскал Краповски
-виолончелист-
Роден во Скопје на 26.08.1979 во фамилија со преку 150 години музичка традиција. Mузичко образование по виолончело го започнува со неговиот татко Ристо Краповски и во МБУЦ “Илија Николовски-Луј“ во класата по виолончело на проф. Диме Стојанов каде што и матурира 1998 год. Во 1998 година ги започнува додипломските студии на Музичката академија “Панчо Владигеров“ во Софија, Р. Бугарија, каде што 2002 година дипломира, а 2007 година ги завршува и магистерските студии во класата на проф. Анатоли Крстев. Повеќекратен лауреат е на републичките натпревари во категорија виолончело соло и камерна музика.
Учествува во работата на оркестрите на Музичка Младина на Македонија, Словенија, Музичка Младина на Австрија. Настапува во рамките на манифестацијата “Денови на македонската култура“ во Анкара и Истанбул, Р. Турција. Во март 2001год. учествува на фестивалот “Music-Improvisation-Theatre“во Берн, Швајцарија.
Солистички настапи со оркестарот на Македонска Филхармонија, камерниот оркестар на Македонска Филхармонија. Настапи на фестивалите Скопско лето, Битолско културно лето, Денови на македонска музика. Во 2005 и 2006 година е поканет од Европска асоцијација на музичари да учествува на меѓународните оркестарски проекти во Медеа, Италија како представник од Македонија.
Посетува мајсторски курсеви по виолончело кај професорите Минео Хајаши, Анатоли Крстев, Милош Млејник, Албан Герхардт. Водач e на групата виолончели при Македонската Филхармонија, на Камерниот оркестар на Македонска Филхармонија, “Music Progressive Quartet”, “БРЕВИС” квартет. Од 2005 година е хонорарен наставник по виолончело во ДМБУЦ ”Илија Николовски – Луј”, а од 2007 хонорарен наставник по виолончело на Факултетот за музичка уметност ”Гоце Делчев” во Штип.
МИЛИЦА ШКАРИЌ, завршува основно и средно музичко училиште во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата по пијано на Валентина Нолчева. Дипломира пијано во Париз на Ecole Normale de Musique de Paris во класата по пијано на Нелсон дел Вињ. На истата институција се здобива и со диплома по камерна музика. Две години изучува корепетиција во класата на Сесил Хугонар-Рош, професор на Националниот конзерваториум во Париз. Три години се усовршува како солист во класата на интернационално реномираниот пијанист Евгениј Королјов на Факултетот за музичка уметност во Хамбург, Германија. Во текот на 2004-2005, таа оствари студиски престој како гостин професор на Факултетот за музичка уметност во Ен Арбор, Мичиген, САД. Докторирала на ФМУ Скопје.
Носител е на три први републички награди по пијано, на прва специјална награда со максимален број поени на сојузниот натпревар на поранешна Југославија, четврта награда на меѓународниот натпревар во Сенигалија, Италија, прва награда на меѓународниот натпревар во Саребург, Франција и награда за корепетиција на натпреварот Елизе Мајер, Хамбург, Германија.
Носител е на стипендиите од фондациите Albert Roussel, Gilda Santarelli, Otto Stoterau Stiftung, Soros, DAAD, JFDP и др. Настапува како солист и камерен партнер во Франција, Германија, Италија, САД, Србија, Бугарија, Македонија… Повеќе нејзини целовечерни концерти се снимани во живо од МРТ. Нејзини изведби на дела од македонски современи композитори се издадени на неколку ЦД-иња од Соком. Во 2009 сними цело ЦД со обоистот Владимир Лазаревски со дела од современи автори.
Од 2007 Шкариќ е професор по пијано, камерна музика и методика на наставата по пијано на Факултетот за музичка уметност во Штип.