Прв позначаен концерт на Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ во учебната 2011-2012 година. Концертот ќе се одржи утре (8 ноември 2011, година) во Концертната сала на ФМУ, со почеток во 20:00 часот.
Под водството на проф. Велко Тодевски оркестарот ќе изведе дела од Јохан Себастијан Бах и Антонин Дворжак, а како солист на Баховиот концерт за пијано и оркестар во f-moll ќе настапи Христина Никоска.