Во рамките на програмските активности на Градот Скопје во сферата на образованието, а во функција на пошироката јавна промоцијата и афирмација на врвните постигања на средношколците, под покровителство на градоначалникот Коце Трајановски, во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, ќе се одржи веќе традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“.
На оваа средба, Градоначалникот на Град Скопје, господин Коце Трајановски, на 24 матуранти првенци на генерацијата од 21 скопско средно училиште ќе им врачи специјални признанија и парични награди во висина од 20.000,00 денари.
Програмата ќе биде збогатена со настап на Димитар Андоновски и Симона Поповска – добитничка на наградата за најдобар дебитант на фестивалот „Макфест 2014“.
Манифестацијата ќе се одржи во четврток, на 19 јуни 2014 година, со почеток во 11:00 часот во салонот на Драмскиот театар.
Добитници на наградите и признанијaта се:
Кристијан Ристоски СУГС „Здравко Цветковски“
Ирина Стефановска СУГС„Марија Кири Склодовска“
Глигор Мицајков СУГС„Јосип Броз Тито“
Сара Урошевска СУГС„Кочо Рацин“
Ева Палчевска СУГС„Георги Димитров“
Ана Јаневска СУГС„Браќа Миладиновци“
Ибрахим Љокмани СУГС„Боро Петрушевски“
Габриела Стефановска СУГС„Никола Карев“
Ненад Велјановски СУГС„Михајло Пупин“
Ариф Муаремов СУГС„Михајло Пупин“
Бранкица Ангелковска СУГС„Панче Арсовски“
Јовица Тодоров СУГС„Д-р Панче Караѓозов“
Нада Божиновска СУГС„Орце Николов“
Арбен Османи СУГС„Зеф Љуш Марку“
Анита Антиќ СУГС„Арсени Јовков“
Даниел Вангелов СУГС„Лазар Танев“
Светомир Герасимовски СУГС„Лазар Танев“
Јована Крстевска СУГС„Раде Јовчевски Корчагин“
Живко Јанев СУГС„Владо Тасевски“
Христина Давидовска СУГС„Димитар Влахов“
Баки Бајрами СУГС„Цветан Димов“
Славче Спасовски СУГС„8-ми Септември“
Бесир Нуредини СУГС„8-ми Септември“
Александар Линин СУГС„Васил Антевски Дрен“