Ревијален 5-ти Македонски фолклорен фестивал “Гора 2014”

Македонската заедница на Косово по Петти пат ќе го организира ревијалниот Македонски фолклорен фестивал “Гора 2014” …

Brod_Kosovo_Gora

Во организација на Македонската заедница на Косово, на 14 јуни 2014 година, сабота, со почеток во 13 часот, во Брод, Гора на Косово ќе се одржи Петтиот ревијален македонски фолклорен фестивал ГОРА 2014.

Овој јубилеен Петти македонски фолклорен фестивал прерасна во традиционална манифестација на македонските песни и ора во областа Гора и воопшто за афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски и историски идентитет на Косово.

На фестивалот ќе учествуваат пеачи и културно-уметнички друштва од Македонија, Албанија и Косово, со македонски народни песни и ора. Подготовките се вршат во соорганизација со Сојузот на Македонците со исламска религија во Македонија.

Фестивалот е отворен за сите добронамерници од Косово и надвор од него.

You May Also Like