Книжевен портрет на Митко Маџунков во Софија

Денеска (16 Април), во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија во соработка со издавачката куќа “Макавеј” од Скопје, ќе биде претставено големото литературно дело на академик Митко Маџунков.

mitko_madzunkov_kic_sofija

За неговиот книжевен опус ќе зборуваат Бранко Цветкоски, проф.Венко Андоновски и Николај Шопов, писател и преведувач од Бугарија. Гостите и академик Маџунков пред публиката во Македонскиот културен Центар ќе ги поздрави и претстави директорот Васко Шутаров. Проектот е целосно поддржан од нашето Министерство за култура.

Академик Маџунков е роден во Струмица, 1943 год, каде завршува основно и средно образование. Завршува Филолошки факултет во Белград, каде долги години живее и работи. Има објавено дваесетина збирки раскази, романи и драми и добитник е на десетина значајни домашни и странски литературни награди.

Неговиот последно објавен роман “Птиците од ланските гнезда”, беше прогласен за роман на годината и македонски кандидат за наградата “Балканика”.

Преведуван е на бројни светски јазици, а во Р. Бугарија во 2010 година е издадено неговото дело “Времето на ирвасите”.

You May Also Like