Книга од легендарниот репортер Капушќињски на македонски јазик

Издавачката куќа Бегемот деновиве на македонски јазик ја објави книгата „Империјата“ од легендарниот репертер Ришард Капушќињски.

imperijata_rishard_kapushkjinski

 

„Империјата“ е култното дело од Ришард Капушќињски – легендата на полската и светската репортажа. Познат како „човекот надарен со апсолутно чувство за информација, атмосфера и настани“. Репортажа за мрачната страна на Русија и поранешниот СССР.

„По улиците на Магадан се оди по високи ходници ископани во снегот. Тесно е, при разминување треба да се подзастане и да се пропушти другиот човек. Понекогаш ми се случува така да застанам очи в очи со некој постар човек. Секогаш, секогаш во главата ми се наметнува прашањето: А вие што сте биле? Џелат или жртва? […]

И зошто тоа ме интригира и трогнува? Зошто не умеам да го погледнам тој човек обично, без таа неподнослива и наметлива љубопитност? Сепак, кога би собрал храброст да му го поставам тоа прашање, а тој би изреагирал искрено, би можел да добијам ваков одговор: Па, видете, пред себе имате и џелат, и жртва.

И во тоа беше одликата на сталинизмот – дека во многу случаи нема начин да се одвојат тие две улоги. Нај­првин некој тепал како иследник, потоа лежел во затвор и бил тепан, по извршувањето на казната излегувал и се одмаздувал, итн. Тоа бил свет на затворен круг, од кој имало само еден излез – смртта. Тоа била кошмарна игра, во која сите загубиле.“

Ришард Капушќињски

You May Also Like