Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, денеска (недела, 18.12.2011 година), со почеток во 19:00 часот, ќе се обрати на свеченото отворање на целосно реконструираниот објект на Градскиот театар во Гевгелија.
Отворањето на Градскиот театар ќе биде проследено со претставата „Свадбата на Фигаро“, во режија на Леван Цуладѕе, а во изведба на актерите од Македонскиот народен театар.