Кампања „Напред розово – чекори против ракот на дојката“

Здружението Борка – За секој нов ден, во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија на 17 мај 2014 година по шести пат ја организира кампањата за борба против рак на дојка“Напред розово 2014 – чекори против ракот на дојка“.

napred_rozevo_2014

Кампањата „Напред розово 2014“ е настан од поширок јавен интерес чија основна цел е подигање на свеста кај населението за ракот на дојка како потенцијално излечива болест, како и помош и поддршка на жените заболени од рак на дојка.

Централниот настан ќе се одвива во Градскиот парк кај Школка со почеток во 11:00 часот. Присутните ќе ги поздрават со краток говор: Биба Додева, Маја Иванова и Амбасадорот Пол Волерс по што ќе започне традиционалната заедничка розова прошетка на повеќе од 1500 учесници кои пешачејќи 3 километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.

Организаторите јавуваат . „Учесниците својата прошетка Напред розво 2014 ќе ја започнат од Школка – Градски парк кон фонтаната „Лотус„ преку бул. Илинден во правец кон зградата на Владата на РМ, преку мостот Гоце Делчев до улицата 11 Март, преку надвозникот, продолжуваат лево по ул. Самуилова до раскрсницата со ул. Лазар Личеновски во правец на мостот Гоце Делчев, од каде се враќаат преку бул. Илинден до фонтаната Лотус кон Градски Парк каде што ќе се одвива главниот настан.Во прошетката покрај граѓаните на град Скопје активно учество ќе земат и поддржувачи на Борка од повеќе градови во Република Македонија, кои организирано со автобуски превоз ќе пристигнат од: Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола и Тетово и др.Она што особено не радува е што оваа година кон кампањата се приклучува и неформалната група велосипедисти „На Точак кои во знак на поддршка и подигање на свеста за борба пртив рак на дојката ќе извозат рута во должина од 5км низ центарот по што ќе се приклучат на розовата прошетка.По прошетката ќе следува музички хепенинг со богата програма.

Здружението Борка-за секој нов ден, ја известува јавноста за рутите по кои ќе се одвива Розовата прошетка 14 и Розовото возење со велосипеди кое е во соработка со неформалната групата „На Точак“ која го популаризира урбаното возењето на велосипеди, рекреацијата и здравиот живот. Возењето започнува во 10:30ч. од Градскиот Парк-Школка и на него се поканети сите кои сакаат да дадат поддршка на кампањата преку возење на својот велосипед.

Рутата по која ќе се движат велосипедистите започнува од пред Школка, кон тенискиот клуб Југ излегува на бул. Илинден и се вози во правец кон Владата на РМ, преку мостот Гоце Делчев се вози до раскрсницата кај Универзитетска библиотека и МНТ од каде се врти десно по бул. Филип Втори преку мостот Мајка Тереза покрај Холидеј Ин и Жена Парк, десно пред Собранието на РМ кон Рекорд и раскрсницата Палома Бјанка десно по бул. ВМРО до Главната Пошта од каде се врти лево на бул. Илинден пред Владата на РМ и десно по бул. Климент Охридски се продолжува кон Градски Парк.

Кампањата Напред розово и оваа година ги има своите редовни компненти, наменската веб страна Напред розово www.napredrozovo.borka.org.mk каде ќе се споделуваат ситеинформацииповрзани со кампањата како и корисни информации за рано детектирање на болеста и што понатаму. Традиционално продолжуваме со продажбата на розовите производи: дизајнирани маички, марами, шољи, магнети, алки и привезоци изработени во боите и симболите на кампањата. За потребите на кампањата изработени се промотивни матерјали на македонски и на албански јазик, флаери, постери, тент карти, стикери, папки. Розовите производи ќе се продаваат во период од 10 до 16 мај 2014г. на повеќе локации во Скопје: Клинички центар, Клиничка болница Аџибадем-Систина, ГТЦ, улица Македонија (кафе Тренд, Пелистер и Мекиците од Стража), Веро-Тафталиџе и Супер Тинекс. Розовите производи ќе се продаваат и во градовите каде здружението има свои соработници.

You May Also Like