Покрај одличниот настап и силниот впечаток кој го остави на сцената во Баку, и покрај слабиот англиски, успеа да ги шармира бројните новинарски екипи од целиот свет.
Да напоменеме дека таа го извлече и бројот под кој ќе настапува во сабота (26 мај). Пред светскиот аудиториум ќе се претстави како 22-ра, од вкупно 26 финалисти.