Интернационален „Фестивал на монодрама“ во Битола во мај

Од 4 до 8 мај во Битола, по 14-ти пат ќе се одржи интернационалниот „Фестивал на монодрама“ во организација на Центарот за култура од Битола.


Фестивалот на кој учество ќе земат претстави од Македонија, Бугарија, Србија, Руска Федрација, Грција, Естонија и Италија ќе биде отворен со претставатата „Генетика на кучињата“ на текст на Венко Андоновски, а во режија на  Дејан  Пројковски.  Оваа  претстава во чест на фестивалот ќе ја одигра ансамблот на Драмскиот театар од Скопје.

Учесниците покажувајќи го својот актерски потенцијал ќе се борат за наградата Гран-При, која ќе ја додели меѓународно стручно жири предводено од познатиот македонски актер Бранко Ѓорчев.

Фестивалот ќе го затвори Кралскиот театар „Зетски дом“ од Цетиње, Црна Гора со претставата „Енциклопедија  на  изгубеното време“ од   авторот  Слободан  Шнајдер а  во  режија на  Лидија Дедовиќ.

 

П Р О Г Р А М А

4‐ти мај (петок)

20:00 часот Свечено отворање
Претстава во чест на фестивалот
Драмски Театар Скопје, Македонија

ГЕНЕТИКАТА
Автор:
Режија:

5‐ти мај (сабота)

19.30 ч. МНТ Скопје, Македонија

МИС МАРГАРИДА
Автор: Роберто Атајаде
Актер: Добрила Чабриќ
Режија: Виолета Џолева

21 ч. Народен Театар Иван Вазов – Софија, Бугарија

ШИРЛИ ВАЛЕНТАЈН
Автор: Вили Расел
Актер: Албена Колева
Режија: Тодор Колев

23 ч. Киркас Продукција – Лондон, Велика Британија

НАДЕЖ
по
Актер и режисер: Петар Милошевски

6‐ти Мај (недела)

19.30 ч. Буден Театар Скопје во ко‐продукција со МОБ – Македонија

ЈАС, ЉУБАМ, БОГ
Текст на Анаис Нин
Актер и режисер: Милиана Ленак

21 ч. Театарска агенција Балкан Нови Покрет – Белград, Србија

БЕАРА ФАЌА ВИСОКИ ТОПКИ
Автор: Драгомир Чумиќ – Чума
Актер: Драгомир Чумиќ – Чума
Режисер: Милан Кнежевиќ

22 ч. Грчки Театар Атина, Грција

КАСАНДРА
Автор: Серхио Бјанко
Актер: Деспина Сарафејду
Режија: Деспина Сарафејду и Евангелиа Андрицану

23 ч. Марјан Георгиевски и Никола Тодороски
STAND UP YOUR MIND – off program

7‐ми  Мај (понеделник)

19.30 ч. Драмски Театар Горки – Махачкала, Дагестан, Руска Федерација

ДНЕВНИКОТ НА ЛУДИОТ
Автор: Гогољ
Актер: Имам Акаутдинов
Режисер: Скандарбек Тулпаров

20

КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД ВИРЏИНИЈА ВУЛФ
Автор: Едвард Олби
Режија: Синиша Ефтимов

21 ч. Драмски Театар Скопје, Македонија

МРТВИОТ ДОМ
Од Ф.М. Достоевски
Актер: Крсте Јовановски
Режија: Ирена Стеријевска

22 ч. Театар Ванемун – Естонија

РУМ И ВОДКА
Автор: Конор Макферсон
Актер: От Степ
Режија: Танел Јонас

8‐ми Мај (вторник)

19.30 ч. Театар Торино, Италија

ШИК И ШОК
Авторски проект – пантомима на Паоло Аватанео

21 ч. Свечено затворање
Претстава во чест на наградените
Кралски

ЕНЦИКЛОПЕДИЈА
Автор: Слободан Шнајдер
Режија: Лидија Дедовиќ

‐ Свечено доделување на наградите

You May Also Like