Инсталација на Богдан Грабулоски Бонач во НУ „Mарко Цепенков“ во Прилеп

Денес, (петок, 17 февруари 2012 година) во НУ „Mарко Цепенков“ во Прилеп, ќе се отвори изложба на реномираниот македонски уметник Богдан Грабулоски Бонач.


Посетилелите ќе можат да погледнат инсталација од едно дело изработено во мермер, кое го носи насловот “Софија на столица”. Се работи за презентација на скулптура за која авторот користел локален прилепски мермер, кој при неговата модификација го претворил во скулптурален артефак.

Изложбата ќе биде отворена од страна на Марика Бочварова Плавеска и Маринко Шлакески.

Богдан Грабулоски Бонач има учествувано на голем број групни изложби, а во 2000-та бил дел од краткометражниот филм „Крикот на Глувонемиот“. Член е на Друштвото на ликовни уметници во Прилеп, а има добиено неколку први награди надвор од Македонија.

You May Also Like