Втор интернационален фестивал на филмови снимени со мобилен

Уште само неколку дена до почетокот на  Вториот Интернационален Фестивал на филмови снимени со мобилен телефон. Манифестацијата, во организација на КТ Филм & Медиа, а под покровителство на мобилниот оператор ONE, Европската делегација во Македонија и Словачката амбасада во Република Македонија, ќе се одржи на 21-ви Ноември (понеделник) со почеток во 19:00 часот во ЕУ Инфо центарот, на ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 52в.

Во рамките на фестивалот, ќе се прикажат дваесетина филмови во рамките на интернационалната програма, како и селектираните од пријавените филмови, кои ќе се натпреваруваат за главната награда “Лале” за најдобар филм, во чест Ратка Илиевска – Лале, која сиот свој живот го посвети на филмот и преку својата работилница „Едвуд“ едуцираше огромен број филмаџии, писатели, уметници.

 

You May Also Like