Град Скопје со конкурс за најубаво уреден локал со Велигденски мотиви

По повод Велигденските празници Град Скопје распишува Јавен конкурс за избор на најубаво уреден услужен локал на територија на град Скопје.

Град Скопје
Град Скопје

Кандидатите треба да го декорираат својот простор во духот на традицијата на Велигденските празници, при што до израз треба да дојдат креативноста и оригиналноста на поединечните украси и вкупната концепција на украсувањето на просторот.

Со конкурсот се опфатени две категории на услужни локали:

• најубаво уреден трговски објект (дуќан/излог) и

• најубаво уреден угостителски објект.

Предвидени се по три награди во двете категории, во вкупен износ од 60.000,00 денари и тоа:

• прва награда – 15.000,00 денари
• втора награда – 10.000,00 денари
• трета награда – 5.000,00 денари.

Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Град Скопје – Сектор за заштита на животната средина и природата, бул.„Илинден“ бб 1000 Скопје, или во архивата на Градот, како и на телефон 3297-302. Рок за пријавување е од 29.03 до 06.04.2012 година.

Пријавата треба да содржи: податоци за локалот (назив на локалот, дејност, адреса, телефон во локалот); податоци за сопственикот/корисникот(име и презиме на сопственикот/корисникот, телефон) и лице за контакт со контакт телефон.

Резултатите ќе се објават на 12.04.2012 година, а по завршување на Велигденските празници, наградите ќе ги врачи Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

You May Also Like