Врачување на „Гоцевата мисла“ на Олга Панкина

Издавачката куќа “Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација “Македонија презент“ од Скопје, на 4 февруари (вторник) во 11:00 часот во Културниот центар “Феникс“ организираат традиционална свеченост со која се одбележува роденденот на Гоце Делчев.

olga pankina

Притоа, свечено ќе биде врачена наградата “Гоцевата мисла“ на Олга Панкина – за нејизиниот севкупен придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура во странство, посебно за големиот број преводи и објавени дела од македонски автори на руски јазик.

Свеченоста ќе биде збогатена и со отворање на самостојната тематска изложба “Концепт/концерт за гласно молчење и нечујно свирење“ на тема музика и музичари од доц.д-р Христо Петрески, која ќе ја отвори проф.д-р Иванка Апостолова.

Со врачувањето на наградата и ликовната изложба, всушност, ќе започне “Фестивалот на чајот и читањето“, кој во Културниот центар “Феникс“ ќе се одржува од 4 февруари до 8 март, со голем саемски попуст на книги, промоции, изложби, започнување на курсот за креативно пишување, манифестацијата “Денови на прозата“, врачување награди и признанија и слично

You May Also Like