Денеска (петок,12 април 2013) на Саемот за образование и кариера, во втората хала на Скопскиот саем, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи презентација за невролингвистичко програмирање на која пошироката македонска јавност ќе може да се запознае со принципите на НЛП и неговата улога во креирањето успешни личности.
Организатори на оваа презентација се НЛП Центарот од Белград формиран во 2008 година, кој од јуни 2011 година делува во рамките на Атриа Групацијата чија специјалност се корпоративните тренинзи од областа на комуникациските, продажните и менаџерските вештини, coaching насочен кон решенија, како и различни видови на алатки за проценка, и Фондацијата за едукација и развој „Хуманополис“, а модератор на средбата ќе биде Елена Антоновска Едизер, координатор за отворени програми на НЛП Центарот за Република Македонија.
Нeвролингвистичкото програмирање е комуникациски модел заснован на субјективното проучување на јазикот, комуникацијата, личната промена и усовршување. По неговото настанување во 70-тите години на минатиот век, од модел со основна примена во психотерапијата, преминува во општо прифатлив модел, со широка примена во спортот, бизнисот, личниот развој и во сите сегменти на животот. Заедничко за сите различни области на примена е ефективната комуникација и насоченоста кон резултатот. Денес, невролигвистичкото програмирање е еден од најраспространетите модели на ефективна комуникација и предмет на интересирање на различни профили на личности.
Обуките на НПЛ Центарот од Белград кој е организатор на оваа презентација се акредитирани од страна на признати меѓународни институции, како што се: Меѓународната асоцијација на НЛП Институти од Берлин, Меѓународната coaching асоцијација, исто така од Берлин и Бесер – Сигмунд Институтот од Хамбург.
На презентацијата која ќе биде отворена за сите заинтересирани, како една од ретките од ваков тип во Република Македонија, сите присутни не само што ќе може да се запознаат со принципите на невролингвистичкото програмирање кое го применуваат голем број професионални и светски познати личности од сите области, успешни менаџери, лидери во продажбата и односите со јавноста, тренери и едукатори, туку ќе може да добијат и одговор на сите нивни прашања и дилеми поврзани со оваа дисциплина која е новост во нашата средина.