Изложба на акварели на Олга Димитрова – Оља по повод 10 години од смртта на Белогаски, вечерва во Музеј на град Скопје.
Во Галеријата „Љубомир Белогаски“ при Музеј на град Скопје вечерва (среда, 26 февруари) ќе биде отворена изложбата на акварели на Олга Димитрова – Оља, со почеток во 19 часот.
Изложбата е насловена „Акварели во чест на Љубомир Белогаски“ со што Музејот на град Скопје одбележува 20 години од неговата смрт. Белогаски (1911-1994), академски сликар и педагог, еден од врвните мајстори на акварелот.
Олга Димитрова – Оља е родена 1946 година во Воронеж, Русија. Завршила ликовна академија во1972 година во Ташкент, Узбекистан. Од 1975 година живее и работи во Скопје.