Изложба на дела создадени на минатогодишната ликовна колонија “Дрен” ќе биде отворена во Домот на културата во Македонски брод вечер (среда 26 февруари) во 19:00 часот.
Љубителите на ликовната уметност од овој град да се запознаат со творештвото што го создадоа уметниците од земјата и странство, кои беа учесници на ланската колонија. Ќе бидат изложени дела од Тони Чатлески, Светлозар Недев, Малка Малкова, Силвана Атанасовска, Христина Зафировска, Светлана Вахнина, Павлинка Копано, Александар Белугин, Корнелија Марган, Лучка Шпаровец, Владимир Кнежевиќ- Путец, Олгица Антовска, Богданка Барутовска, Николета Стојческа и Елица Димитрова.
Од Центарот за култура велат дека делата од колонијата “Дрен 2013” ќе бидат презентирани и на изложба и во другите градови во Македонија, во рамките на соработката меѓу Центрите и Домовите за култура.