Денеска (среда, 12 септември, 2012 година) во Музејот и галерија „Јосип-Бепо Бенковиќ“ од Херцег Нови ќе биде отворена изложбата „Бокељски мотиви“, дела од донацијата на Љубомир Белогаски при Музејот на Град Скопје.
Изложбата е резултат на културната соработка меѓу Македонија и Црна Гора, како и презентирање на македонското културно наследство во странство. Изложбата, која е во организација на Музејот на Град Скопје, ќе ја отвори Александар Василевски, амбасадор на Македонија во Црна Гора.