Изложба на графики на Евгениј Пантев во Прилеп

Денеска (петок, 14 февруари 2014 година) во 19:00 часот во галеријата од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде отворена изложба на графики од бугарскиот уметник Евгениј Пантев. На изложбата ќе бидат презентирани 25 графики.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Евгениј Пантев во графичкиот медиум создава и опстојува повеќе од две децении. Тој како зрел графичар и уметник останува доследен на една прецизна, фина и сосема промислена графичка поетика. Тој сета своја ликовна култура и естетска сензибилност ја изразува исклучиво преку графичката уметност како „затворен“ визуелен медиум. Особено со својата тактилна и посветена почит кон „традиционалната“ специфична техника како што е сува игла (длабок печат), со која Пантев креира навистина еден особен и искуствен визуелен контекст ослободен од можностите за некакво поинакво и „трендовско“ третирање на графичкиот лист“ – Дејан Буѓевац.

Евгениј Пантев, роден 1966 во Софија, Бугарија.Дипломирал на одделот за графика и графички дизајнна Факултетот за Ликовни уметности ,Скопје 1991.Моментално на постдипломски студии на ФЛУ Скопје.Член на СБХ/ ИАА.

You May Also Like