Изложба „Манаки фотографи одблиску“

Во Уметничката галерија во Велес вечер ќе биде отворена изложбата на фотографии „Манаки фотографи одблиску“ од Роберт Јанкулоски.

robert jankuloskiФотографиите се изработени од оригиналните стаклени плочи во дисперзираната лабораторија на Македонскиот центар за фотографија. Изложбата е во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура на Република Македонија, во рамки на и проектот „Кич, да!?/ сте или не/”.

Целта на проектот, кој се спроведува седма година, е презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката до врвните имиња не само од македонската, туку и од светската ликовна уметност.

You May Also Like