Жан-Ив Лавоар: Горди сме што сме најстариот културен институт во Македонија

Неодамна Францускиот институт во Скопје го одбележа јубилејот  40 години постоење. За јубилејот, за функцијата на Институтот, за францускиот јазик и франкофонијата – од разговорот што за cooltura.mk го водевме со директорот Жан -Ив Лавоар.

M. Lavoir

1.Што значат 40-те години посетоење на Францускиот институт во Скопје?

– Ние сме навистина горди што сме најстариот културен институт во Македонија и Скопје. Тоа пред се’ го должиме на прекрасниот прием што го имаме од граѓаните тука, на сите партнери, но и на Министерството за култура и министерката Елизабета Канческа Милевска, која дава пријателска и добронамерна поддршка за сите наши активности. Она што сакаме да го истакнеме при одбележувањето на јубилејот е да ја прикажеме денешна Франција – модерна, индустриска, отворена земја која им нуди работа на сите, па и на македонските граѓани. Ние како Институт се наоѓаме тука, во центарот на Скопје, во Градски ѕид, но на младите им нудиме можност да дојдат до нас и преку интернет, преку електронски книги, прелистување на францускиот печат како и преку линкот на Културтек.

2. Кои културни настани ќе го заокружат јубилејот?

– Наш приоритет е киното, тоа е медиумот што најмногу не’ интересира, бидејќи е најлесен начин за претставување на француската култура, но и поради тоа што во западниот свет Франција е вторпо големина кинематографија, по САД. Во март – месецот на Франкофонијата ја имавме Неделата на франкофонскиот филм, а во јуни ќе го имаме Фестивалот на францускиот филм. Неодамна ја имавме изложбата на младиот фотограф Жереми Бишолц. На 25 април доаѓа пијанистот Давид Фре кој во МОБ ќе настапи со Македонската филхармонија. За младите – на 16 мај во МКЦ доаѓа поп групата „Елефант“ кои стануваат се популарни во Франција.

Nedela na frankofonski film

3. Како функционира образовниот сегмент на Институтот?

– Важен дел е поддршката за заживувањето на францускиот јазик преку билингвалните паралелки во кои дел од предметите се изучуваат на француски. Овие паралелки се одлична подготовка за ученици кои сакаат да студираат потоа во Франција. Другата важна функција е декана студентите им стоиме на располагање за информации за студирање во Франција, а годишно даваме и 10 стипендии за мастер и докторски студии. Тука се и кратките престои на македонските професори по француски јазик во Франција, како и нашите курсеви по француски јаик, на кои во моментов имамае 400 изучувачи на јазикот, што секако е голем успех. Секоја година во ноември организираме Саем на франкофонски студии за учениците од последните години од средното образование да можат да се информираат за студиите во Франција.

3. Институтот е синоним и за франкофонијата – Што е таа денес и што значи да се биде дел од Меѓународната организација на франкофонијата?

– Македонија е рамноправна членка на ОИФ (L’Organisation Internationala de la Francopphonie). Да се биде дел од Оргаизацијата не значи дека францускиот е ваш  мајчин јазик, туку дека земјата се интересира за него, за што сме им многу благодарни на вашите власти. Да се биде дел од ова семејство значи да се има контакт со повеќе од 70 земји-членки. Тоа е јазичен, но и политички форум каде што може да се дискутираат теми за кои не се зборува на друго место. Франкофонијата покрива земји со вкупно 200-250 милиони жители низ целиот свет од Северна Америка – Канада, преку северна Африка, Европа надвор од Франција, па се’ до и Камбоџа или Виетнам. Во рамките на ЕУ францускиот е втор службен јазик, 3 од 4 престолнини на унијата се во франкофонски земји – Брисел, Стразбур и Луксембург. Многу од големите компании како Ербас, Тотал и други се француски. Во нив се говори англискиот јазик, но ако во CV ставите дека го зборувате и францускиот јазик е голем плус.

Frakofonski teatar mart 2014

4. Која е Вашата порака за оние кои го изучуваат ли сакат да започнат со изучување на францускиот јазик?

– Најсилната порака е дека Франција денес е современа, отворена земја посебно за имиграцијата, за што се залага актуелната, како и претходната влада. Тие сакаат да го олеснат влезот, посебно на странските студенти. Франција не е земја само на нивните, родители, баби и дедодвци, туку во неа младите можат да живеат , а во Париз да се забаавуваат исто како и во Њујорк, Сиднеј или секој друг голем модерн град. Со пиетет се гледа кон минатото на Франција и тоа е навистина убаво, но земјата има и своја сегашност таа е модерна, индустриска земја, 4 или 5 економска сила со потенцијал што може да ги привлече младите. Меѓу 500-те најголеми компаниии во светот – 50 се од француско потекло. Францускиот јазик не е само јазик на културата, туку може да ви отвори врати за ново вработување. Студентите кои зборуваат француски може да најдат вработување во франкофонскиоте земји, па потоа како готов кадар да се вратат тука, или да останат и да направат кариера таму.

Секоја година во рамките на селектирањето на стипендисти од Македонија, пријатно сум изненаден од квалитетот на проектите како и од познавањето на францускиот јазик, но и несреќен дека даваме само 10 стипендии.

Razgovor so mladi. Festival na franc.film, dek.2013

5. Како странски граѓанин што живее во Македонија, што е она што најмногу Ви се допаѓа тука?

– Доаѓам од Бордо и токму затоа најмногу го сакам виното. Имате 3-4 одлични сорти вино кои со задовлство ги дегустирам, а при моите прошетки низа Македонија често откривам мали производители на вино. Среќен сум што винската култура што ја носам со себе можам да ја споделам и со моите пријатели тука. Она што посебно ми се допаѓа се пејсажите,  многу ја сакам Шкотска, па Македонија често ја нарекувам Шкотска на југ. Сметам дека вашата земја има многу потенцијал за зелен туризам, прошетки во природа, лов и риболов.

Одличната соработка што Институтот ја има со културните институции тука-  Филхармонијата и директорката Маја Чанаќевиќ, Кинотеката и директорката Мими Ѓорговска, МКЦ и кино Милениум, МОБ – ми дават за право да сметам дека во однос на големината на земјата – македонската културна сцена е навистина богата.

G-din Lavoar. 40 gidini od Francuski institut

Александра Јуруковска

фото: Милан Стрезовски

You May Also Like