Издавачки центар ТРИ го најавува излегувањето од печат на „Билките на баба Рада“, официјалниот прирачник на најгледаната македонска емисија посветена на билките и нивната лековита моќ.
Огромниот број рецепти и совети што баба Рада и нејзините гости секојдневно им ги пренесуваат на илјадниците телевизиски гледачи отсега добиваат и свое печатено издание кое има за цел да биде доверлив советник во зачувување на здравјето и благосостојбата на луѓето од сите генерации. Оваа „библија на билките“ детално ги опишува лековитите својства на голем број билки од нашето поднебје и нуди над 250 рецепти чија ефикасност е проверена и докажана од позитивните народни искуства.
Наречена алхемичар на нашето време, баба Рада, како вистинска жива енциклопедија за билките, со голема љубов и посветеност работи на својата мисија – да им помогне на луѓето да си го повратат и да си го зачуваат здравјето по природен пат.
Промоцијата на книгата ќе се одржи на 4 јули (петок), од 19 часот, во Книжарница ТРИ во Градскиот трговски центар.