Отворањето на Институтот Конфучие во завршна фаза

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје информира дека отворањето на Конфучие Институтот е во завршна фаза. Имено, заврши петдневната посета вна УКИМ на високата делегација од Универзитетот во Ченгду, Кина.

Делегацијата беше примена од ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Велимир Стојковски и беа одржани неколку работни состаноци.

Во присуство на претставник на Амбасадата на Република Кина во Република Македонија беше потпишан Меморандум за третата фаза за отворање на Институтот помеѓу Универзитетот во Ченгду и УКИМ. Со овој Меморандум се утврдени сите завршни активности за отворањето на Конфучие Институтот во Република Македонија. Исто така, конституиран е мешовит Управен одбор на Конфучие Институтот, а за негов претседател е избран ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски.

Отворањето на Конфучие Институтот се предвидува да се одржи во текот на септември оваа година.

You May Also Like