Годинава драмските аматери од Македонија со одржувањето на ДАФ во Кочани ќе го одбележат своето 50-то издание.
Објавен е огласот за пријавување за учество на фестивалот од страна на Организациониот одбор на фестивалот.
– Педесет изданија, со над илјада театарски проекти, вградија трајни белези на оригинална и самопрекорна работа, знаење и дарба, на плејада драмски аматери, актери, режисери, тектстописци, сценографи, светло и тон мајстори,истакнува Благој Пенов,извршен директор на ДАФ во Кочани.
Педесетиот ДАФ годинава ќе се одржи од 26 до 31 мај во ЦК „Бели мугри“ во Кочани, а заинтересираните драмски групи и ансамбли пријавувањето можат да го сторат најдоцна до 31 март годинава со пополнување и испраќање пријава. Потоа, ќе биде неопходно драмскиот проект да се сними на ЦД и да се достави на адресата на фестивалот најдоцна до 30 април.
– На овој начин изборникот ќе може да го изврши изборот/селекцијата на проектот, додава Пенов.
Драмскиот аматерски фетсивал во Кочани се одржува од 1977 година најпрво како Републичка аматерска драмска смотра, потоаа ФААТ-фестивал на драмскиот аматеризам и денес ДАФ.