Започна Детскиот драмски фестивал во Кочани

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани од денеска па до петок ќе се одржи седмиот по ред детски драмски фестивал на Македонија.

Beli_mugri Kocani

Фестивалот започна со претставата „Умна глава“ со драмските аматери од ОУ„Крсте петков Мисирков“ од Оризари, Кочанско, а ќе учествуваат и аматери од Виница, Делчево, Велес и Скопје кои ќе се претстават со 10 драмски остварувања.

На најуспешните ќе им бидат доделени награди и признанија, а најуспешната театарска претстава од овој детски драмски фестивал ќе учествува на јубилејниот 50-ти ДАФ во Кочани од 26 до 31 мај, изјави Коце Стоименов, директор на НУ центар за култура од Кочани. Фестивалот финансиски го помогна Министерството за култура на Република Македонија.

You May Also Like