МКЦ ги проширува активностите со најмладите и не толку младите, соотворање на сликарска школа „ALTAMIRA“ во просториите на установата.
Инструктори во сликарската школа ќе се истакнатите академски ликовни уметници: Симонида Филипова – Китановска и Касиопеја Наумовска.
Во рамките на оваа сликарска школа, заинтересираните ќе имаат можност да се запознаат со основите на сликарските техники, при што ќе доминираат: акрил, маслени бои, акварел, основи на вајарство, тродимензионални форми – глина, како и сликање на стакло… Од ликовните техники, ќе се применуваат: цртеж, молив, пастел, јаглен.
Ќе бидат опфатени различни мотиви: урбан пејзаж, мртва природа, портрети, апстрактно сликарство.
Инструкторите во школата ќе одржуваат часови за подготовка за приемни испити за Средното уметничко училиште и за Факултетот за Ликовна уметност.