Во Свети Николе по четиринаесетти пат се одржа Меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица 2014“ на кој учествуваа културно-уметнички друштва од источна Македонија и Србија.
Во првиот дел на фестивалот настапија седум ансамбли, а во вториот дел уште шест додека со ревијални настапи публиката ја почестија домаќините, играорците кои се подмладок на ансамблот „Јанко Глигоров“ и на „Панче Пешев“ од Куманово.
Натпреварувачите ги пренесоа најубавите традиционални моменти од македонските веселби, ги пееја изворните песни и ги играа ората.
Гран при наградата на годинешниот фестивал на изворна музика „Тодорица 2014“ го освои ансамблот „Китка“ од село Истибања кај Радовиш, второто место му припадна на ансамблот „Ацо Караманов“од Радовиш, а третото место на ансамблот „Љупчо Станков“ од село Оризари кај Кочани.