Заврши колонијата „Илинден Хотел Фени 2014“

Вчеравечер заврши Меѓународната ликовна колонија „Илинден Хотел Фени 2014“ во Кавадарци …

hotel feni kavadarci

Во присуство на голем број ликовни уметници и љубители на уметноста синоќа во Кавадарци свечено беше затворена меѓународната ликовна колонија „Илинден Хотел Фени 2014“.

– Колонијата се одржа по седми пат во организација на хотел „Фени“ а на неа зедоа учество 23 уметници од Македонија и неколку други земји, од академски професори и легенди до млади надежни штотуку дипломирани ликовни уметници. Се родија нови 42 прекрасни уметнички дела, рече во своето обраќање пред присутните Александар Малинков од Домот на културата „Иван Мазов Климе“ од Кавадарци.

Ликовниот уметник Ристо Соколов – Сокол кој ја координираше колонијата која траеше неколку дена, изрази благодарност до организаторот и до уметниците и посака уште многу вакви ликовни колонии и во иднина.

You May Also Like