Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте Амам, денеска (23 мај 2014 година, петок), во 20:30 часот ќе се одржи завршен настан од изложбата time Collectors project, со вокален перформанс Eхо оринетација на Силвија Горак (Полска) и музички перформанс на Sweet Rapscallions (Битола). На истиот настан ќе бидат поделени и каталози од изложбата TIme Collectors project.
На оваа меѓународна изложба се изложени дела на 16 домашни и странски уметници: Биба Кајевиќ (Македонија), Гаврило Миловановиќ (Македонија), Лана Васиљевиќ (Србија), Горан Деспотовски (Србија), Силвија Горак (Полска), Мирна Арсовска (Македонија), Душан Перчинков (Македонија), Кирил Геговски (Македонија), Серџо Парела (Аргентина-Англија), Феликс Брасје (Франција-Англија), Паоло Чампини (Италија), Мустафа Узбакир (Турција), Ѓорѓе Јовановиќ (Македонија), Владимир Симоновски (Македонија), Владо Ѓорески (Македонија) и група „Колегиум“ (Македонија).
Автори и куратори на изложбата се Биба Кајевиќ и Дејан Буѓевац. Изложбата се состои од дела изработени во разни медиуми како што се сликарство, цртеж, графика, фотографија, видео, инсталација, објект…