Етно музика и бочварска работилница во Крушево

Во највисокиот град на Балканот, вчерашниот ден започна со презентација на занаетот кој е одлика за крушевската традиција – бочварството.

etno_bocvarska_rabotilnica_2

Туристите и оние кои сакаа да дознаат повеќе за постапката за изработка на една бочва, имаа можност да ги дознаат „тајните“ на овој занает од најпознатиот бочвар Миле Тасески – Кукун.

Денот продолжи со музика во старата крушевска чаршија, каде секојдневно свири етно бендот. Некој уживаше во музиката, а оние кои не можеа да се „воздржат“, не одолеаа на убавата песна и заиграа.

„Синтезис“ е името на групата која синоќа, ги обедини сите вљубеници во македонската етно музика. Во извонреден амбиент, одекнуваа звуците на македонската традиција. „Синтезис“ имаа одличен настап, што се потврди со огромниот аплауз кој го добија во повеќе наврати од многубројните посетители.

Sintezis 10

Денес во етно – градот се одржаа два настани.
Во 12:00 часот во Домот на култура „Наум Наумовски – Борче“ во Крушево, беше организирана промоција на книгата „Билките на баба Рада“.
Вечерниот термин е резервиран за ансамблот за народни инстументи и песни „Стевче Стојковски“. Настанот започнува во 21:00 часот на Градскиот плоштад во Крушево.

etno_grad_2

You May Also Like