Преспанско-охридскиот регион – прекуграничен биосферен резерват

Преспанско-охридскиот регион ќе биде прогласен за прекуграничен биосферен резерват …

-mala Prespa

Македонците од Мала Преспа очекуваат дека Интернационалниот совет на УНЕСКО ќе го прогласи Преспанско-охридскиот регион за биосферен резерват заради неговото уникатно значење и вредности кои ги содржи.

– Убедени сме дека тоа ќе се случи, зашто тоа е препорака на Стручниот комитет на УНЕСКО по разгледувањето номинациската форма за прогласување на Преспанско-охридскиот регион за биосферен резерват. Комитетот исто така препорача откако грчката страна изрази волја да се приклучи, и таа да стане дел од прекуграничниот Биосферен резерват, вели Васил Стерјовски кој е дел од проектот.

Според него, Интернационалниот совет на УНЕСКО препораката на дневен ред ја има на седницата што ќе се одржи на 10 и 11 јуни во Јонкепинг, Шведска.

– Биосферните резервати имаат цел да се избалансира потребата од заштита на вредностите на биодиверзитетот, со потребата за подобар живот на сите жители, додава Волфганг Фремут, водач на тимот на проектот „Прекуграничен биосферен резерват Преспа – Поддршка на Национален парк Преспа во Албанија“.

Предлогот за спроведување на концептот на Биосферен резерват во Охридско – преспанскиот регион потекнува од заедничкиот проект за заштита на Охридското Езеро, кој доведе до потпишување на билатерален договор меѓу Албанија и Македонија во 2004 година. Во него е предвидено воспоставување прекуграничен биосферен резерват на територијата на сливот на Охридското Езеро.

Заедничка Декларација за посветеност за воспоставување на прекуграничен биосферен резерват Охрид-Преспа според МАБ програмата на УНЕСКО, потпишана е во октомври 2012 година

You May Also Like