Најпопуларниот босанско-херцеговски бенд Дубиоза колектив одлучи да ги откаже сите комерцијални концерти во БиХ оваа година. Како што велат, поради моменталната ситуација во оваа земја, тие ќе настапуваат бесплатно.
– Оваа година најважните работи за нашето општество ќе се случуваат на улица. Затоа одлучивме да свириме бесплатно на улица за народот и на тој начин да се солидаризираме и ги поддржиме сите граѓани кои се борат за подобар систем, појаснија членовите на бендот. Организаторите на мостарскиот концерт – агенцијата PRimera, почитувајќи ја оваа одлука на бендот, ги повикуваат сите фанови кои веќе купиле билети, истите да ги вратат, а парите ќе им бидат вратени.