Од 24-26 јули во Библиотеката „Ѓура Јакшиќ“ во Петровац на Млава (Србија), ќе се одржат Денови на македонската култура. Во тие рамки, ќе биде одржана Вечер на македонската поезија и песна, при што ќе биде читана современа македонска поезија и интерпретирани најпознатите македонски народни песни.
На настанот ќе биде промовирана и книгата „Под кожа“ од писателката Даниела Миланова во издание на Изадавачката куќа „Феникс“ од Скопје, а авторката која е и сликарка и уметнички фотограф, овојпат ќе се претстави и со својата изложба на уметнички фотографии под заедничкиот наслов „Родниот крај е таму каде што Ви е убаво“, со презентација на најнови уметнички фотографии од Србија и Македонија.
Деновите на македонската култура во Петровац на Млава, ќе завршат и ќе бидат збогатени со отворањето на македонско одделение во Библиотеката „Ѓура Јакшиќ“, при што ќе бидат врачени донациите во книги од Библиотеката „Св. Климент Охридски“ од Битола, Списанието за книжевност и уметност „Сум“ од Штип и Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.