Денеска се одбележува Денот на пулмуналната хипертензија

Денеска ( недела, 4 мај) во 12:00 часот во Гевгелија, ќе се одбележи Денот на пулмонална хипертензија, за прфв пат во Македонија.

aph_moment_plus

Здружението АПХ Момент Плус –Македонија како член на Европската асоцијација на пациенти за ПХ (ПХЕвропа) по повод Светскиот ден на пулмонална хипертензија-5 мај под мотото Остани без здив за ПХ која е глобална светска кампања за подигање на свеста за ПХ , во недела на 4 Мај со почеток од 12 час организира со почесен маратон од 4км и културно забавна програма во Гевгелија.

Здружениетео информира: „Приклучете се кон кампањата по повод Светскиот ден на пулмонална хипертензија и единствена цел: Рана дијагноза ,третман и пронаоѓање лек .
ДА ЈА ПОДИГНЕМЕ СВЕСТА ЗА ПОСТОЕЊЕ НА Пулмонална (Белодробна)Хипертензија Дојдете и останете без здив за пациентите со ПХ за момент.
За еден пациент со ПХ 6 мин пешачење е како еден маратон.

Пулмоналната хипертензија (PH) е тешко заболување со кое сериозно се ограничува работата на телото и може да заврши со смрт. Таа сериозно влијае врз секојдневните активности. Може да предизвика серија од различни други заболувања (на пример, белодробни или срцеви заболувања или згрутчување на крвта), но и други за кои причините не се непознати. Во некои случаи таа е наследна.
Пулмоналната хипертензија се појавува во разни форми, од кои некои се и ретки. Без разлика, се појавува независно од возраста или етничкото потекло и може секој да ја добие.

Нешто што е толку нормално и потребно за живот, како дишењето, може да биде голем напор за луѓето со пулмонална хипертензија, што понекогаш може да ги уплаши или обесхрабри. Додека за повеќето од нас дишењето е автоматско, за луѓето со пулмонална хипертензија секој здив е предизвик. Затоа е важно луѓето со пулмонална хипертензија да добијат коректна дијагноза за да добијат пристап до потребните терапии препишувани за вакви пациенти и да се продолжи со иновативни истражувања за нови и подобрени третмани сѐ додека не се пронајде лек. Овие побарувања може да се изведат преку две релативно едноставни решенија, кои не само што водат кон подобрување на резултатите од третманите за пациентите со хипертензија, туку и кон намалени трошоци за здравствениот систем и за општеството.

You May Also Like