Денеска на Водно се одржува „Прв до врв“

Денеска (недела, 1 јуни), врвот на Водно ќе биде целта кон која масовно ќе се упатат илјадници планинари и велосипедисти за да земат учество во спортско-рекреативниот настан „Прв до врв“.

vodno_zicara

 

Втора година по ред, а со цел да прерасне во традиција, првиот викенд во јуни се одбележува денот на Водно, со трки во планинско трчање и велосипедизам, како и пикник на врвот на планината.

Најмасовен дел на Прв до врв е трката во планинско трчање, во која спортисти и рекреативци ќе тргнат кон целта по своето најдобро време во искачувањето на Водно, од основното училиште Кочо Рацин па се до врвот на Водно.
Велосипедистите ќе се натпреваруваат стартувајќи од Музејот на град Скопје па се до целта на врвот на Водно.

Во рамките на пикникот ќе се одбележи третиот роденден на жичарницата ,, Милениумски Крст,,. Во забавниот дел од настанот е предвидено да се одржи церемонијата на доделување награди за најдобрите, по што ќе следува музичка програма со настапи во живо на DJ-и и настап на музичката група South park.

Можеа да учествуваат сите старосни групи од 7-77 години, во машка и во женска конкуренција.

Организатор на Прв до врв е ЈСП СКОПЈЕ и Град Скопје, во соработка со Жичницата Милениумски Крст, Атлетската и Велосипедската федерација на Македонија.

You May Also Like