Во рамки на својата посета на Република Македонија, денеска во посета на Музејот на македонската борба беше Ајдин Алиев, директорот на Царинската служба на Азербејџан.
Алиев беше во придружба на соработниците и на својот домаќин директорот на Царинската управа на Македонија Ванчо Каргов, а беше пречекан од директорот на Музејот на македонската борба Бранислав Светозаревиќ.
Гостите изразија особено задоволство од посетата и разменија пригодни подароци.