Германецот Атом TM доаѓа на фестивалот de:sonanz

Петтото издание на фестивалот за електронска музика и медиумска уметност de:sonanz  ќе се одржи на 28 септември 2013 г.Првиот потврден артист е познатиот германски продуцент и композитор Уве Шмит алијас Атом ™.

Уве Шмит над 30 години е пионер во електронските латино ритми, aciton (мешавина од есид и регетон) и електронскиот госпел. Работи и како продуцент, композитор и програмер со искуство од над 60 изданија. За време на својата импресивна кариера Шмит стана несомнен снабдувач и креатор на ритмички експерименти на полето на европската електронска музика. Неговиот бескомпромисен став е исполнет и со хумор и изненадувања.

Големиот Уве Шмит ќе настапи на петтото издание на  de:sonanz  со материјалот од неговиот актуелен албум „HD“ по неговите извонредни „Liedgut“ (2009) и „Winterreise“ (2012). „HD“, како што е насловен албумот, според Шмит, претставува „духовно, музичко и научно дело“. Албумот содржи соработки, меѓу другите, и со Алва Ното и Џејми Лидел. Тоа е ново поглавје во долгата кариера на овој уникатен и повеќеслоен музичар, способен за истражување на танцувачките територии со Atom Heart/Атом Харт, движејќи се по електро-латино тангентата со Señor Coconut/Сењор Коконат (вклучувајќи и преработки од Крафтверк), соработувајќи со Бил Ласвел, Пит Немлук, Маус он Марс, Барнт Фридман и Харуми Хосомо (Yellow Light Orchestra). Тој е основач на издавачката куќа Rather interesting (за која има објавено над 40 од своите албуми), има изданија за Mille Plateaux и Ninja Tune и има направено ремикси на Depeche Mode, Plaid, Les Baxter, Cesaria Evora, како и многу други.

You May Also Like