Започнува иницијативата „Расти повеќе пченка“

Денеска (7 мај, вторник) со почеток во 10 часот во седиштето на живинарската фарма Везешари, с. Требош, и во 13 часот во дворот на средното стручно училиште “Моша Пијаде”, Тетово, ќе се одржи настан за официјално започнување на иницијативата “Расти повеќе пченка” на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси.

 

Иницијативата “Расти повеќе пченка” има за цел да го поттикне економскиот развој на полошкиот и пелагонијскиот регион преку помагање на малите земјоделци да ги зголемат нивните приноси на пченка со воведување на поефикасни технологии и земјоделски пракси,  како систем за наводнување капка-по-капка, подобри семиња и соодветни протоколи за култивација на пченка.

 

Преку зголемување на приносите на пченка до четири пати над националниот просек (од 4,3 тони/хектар на 17 тони/хектар) ќе се зголеми одржливоста и профитабилноста на малите земјоделски бизниси, ќе се намали увозот на пченка во Македонија, и ќе се поттикне раст и создавање на нови работни места во бројни бизниси вклучени во ланецот на добавување на пченката.

You May Also Like