Македонскиот гитарист Дамјан Пејчиноски со својот настап пред белоруската публика, во Минск… покрај него на сцената со впечатлив настап и вториот Македонец, Боби Мојсовски…
Со моќен, енергичен и впечатлив настап, познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски достојно ја претстави Македонија во Белорусија.
Ги собра аплаузите не само од белоруската публика, туку и од членовите на Претседателскиот оркестар на Белорусија кои по многуте соработки со најголемите светски музички ѕвезди, за прв пат настапија со музичар кој не е и вокален интерпретатор.
Со четирите изведби на познати композиции аранжирани за оркестар, Пејчиноски кој беше специјален гостин на вториот концерт од серијалот „Smoke on the water“, заедно со Претседателскиот оркестар предводен од маестро Виктор Бабарикин приредија вистинско шоу за присутните, но и за поширокиот аудиториум кој преку малите екрани го следеше целиот концерт.
И вториот Македонец кој ја претстави Македонија на овој настан, Боби Мојсовски, инаку добиник на Град При наградата на Славјанскиот базар за 2012, имаше одличен настап пред белоруската публика.
Дел од музичкото шоу веќе е достапно на јутуб, па Ви предлагаме да одвоите неколку минути за едно вистинско музичко уживање, за кое сме сигурни дека ќе го пуштите уште неколку пати.