Годишен концерт на балатеското студио „Венус“ во Кавадарци

Во среда, на 11 јуни 2014, редовниот Годишен концерт ќе го одржи едно од најуспешните балетски студија во Македонија – “Венус“ од Кавадарци. Концертот ќе започне во 20:00 часот, а ќе се одржи во салата на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.

Venuss

Традиционално со резултатите од едногодишната напорна работа, со специјално подготвени кореографии за оваа прилика, ќе се претстават сите возрасни групи на студиото.
Под раководство на балетскиот педагог Билјана Грозданова Ивановска и во годината која измина членовите на студиото учествуваа на сите масовни манифестации во општина Кавадарци, на фестивали и карневали во Македонија и странство, за да работата ја крунисаат со две први и две втори места на ИТФ фестивалот во Скопје. Нема сомнение дека и годинава Годишниот концерт на Балетското студио “Венус“ ќе биде своевиден балетски спектакл, со бројни оригинални кореографии и неизбежни изненадувања за публиката.

You May Also Like