Гала концерт на Детскиот фестивал „Тра-ла-ла“

Вечер во 20:00 часот во Центарот за култура во Битола ќе се одржи гала концерт на 15-от Интернационален детски музички фестивал „Тра-ла-ла“.

Tra la la Plakat festival 2014

Битола од 13 до 16 август е домаќин на 15-тото издание на Интернационалниот детски музички фестивал “ТРА-ЛА-ЛА” на кој учестуваат 40 млади музички таленти од 16 држави во светот. Покрај учесниците од Македонија, на фестивалот настапуваат деца солисти и делегации од Португалија, Русија, Малта, Ерменија, Украина, Словенија,Романија, Полска, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Србија, Албанија и Косово.
“Секоја година на фестивалот учествуваат солисти од голем број држави во светот презентирајќи ја својата култура, разменувајќи искуства и ширејќи го духот на културната соработка, со што фестивалот прераснува во една од најголемите манифестации од овој тип во Европа. Детскиот музички фестивал “ТРА-ЛА-ЛА” е единствена манифестација во Република Македонија, каде солистите ги изведуваат своите композиции во живо, врз база на музичка подлога односно матрица.”-истакна на вчерашната прес конференција во Битола раководителот на фестивалот Тони Алексовски, кој е член во жири комисијата на десетина фестивали ширум светот и кандидат за почесен член и амбасадор на детскиот мир од Светската асоцијација на фестивали и уметности WAFA.
Претставник на Македонија во жирито е македонската пејачка Маргарита Христова која истакна дека Битола е расадник на музички таленти. “Младите музички таленти кои настапуваат на фестивалот се носители на голем број меѓународни музички награди, а Битола преку фестивалот ,,Тра ла ла“ има можност да ги слушне најдобрите детски гласови од цел свет.”-рече Христова.

You May Also Like