Втора фаза од обновата на Царевите кули над Струмица

Вчера започна втората фаза од обновата на средновековната тврдина Цареви кули над Струмица, финансиран од страна на ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка …

Carevi kuli nad Strumica

Во рамки на проектот „Наследство“ финансиран од ЕУ преку ИПА-Програмата за прекугранична соработка, вчера почна втората фаза од обновата на средновековната тврдина Цареви кули над Струмица.

Проект-менаџерот Ѓоко Ристовски истакна дека во оваа фаза ќе бидат преземени повеќе градежни работи за реконструкција на бедемите на оваа средновековна тврдина.

– Во наредните неколку месеци на северната страна на тврдината, над градот Струмица, ќе се конзервира и реконструира кула во висина од 11 метри со 12 градобрани, а ќе се обнови и бедемот во должина од 22 метри. Слични активности ќе се спроведат и на Јужната кула, како и на останатиот дел од бедемите на тврдината. Вкупната инвестиција на овие работи изнесува 12,3 милиони денари, финасирани од Европската унија, рече Ристовски.

Тој нагласи дека во пресрет на 1000-годишнината од Беласичката битка, ќе бидат уредени пешачките патеки во тврдината и осветлен објектот, со што тој ќе биде нова туристичка атракција за домашните но и за странските туристи.

You May Also Like