Во Струга почна арт фестивалот „Езерски бисери“

Синоќа (недела, 5 август) во Струга започна 9-то издание на меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери“.


На Фестивалот кој има и натпреварувачки карактер, ќе учествуваат над 300 учесници од Украина, Русија Белорусија, Израел, Казахстан, Молдавија, Романија, Србија, Бугарија и Македонија.

Натпреварите се во две категории класика – инструментална и вокална и естрада – кореографија и фолклор, а ќе се натпреваруваат таленти во своите старосни категории.
Целта на фестивалот е да се изнајдат млади таленти, на кои им се помага во натамошното образование, но и да се афирмираат пошироко.

Фестивалот „Езерски бисери“ вечер ќе биде посветен на славјански песни и танци, на 8 август ќе се одржи натпреварот во класична музика, а следниот ден ќе бидат доделени наградите за најдобрите во овој дел од програмата.
На 10 и 11 овој месец ќе се одржат натпревари во естрада, кореографија и фолклор, додека на 13 ќе настапат најдобрите и наградените учесници од 9-то издание на традиционалниот фестивал „Езерски бисери“.

You May Also Like