Во Куманово отворена изложбата на цртежи „Скици 2014“

Во петокот во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во Куманово беше отворена Биеналната изложба на цртежи „Скици 2014“.

bienalna_izlozba_crtezi_skici_2014_kumanovo

 

На оваа изложба учествуваат академските сликари: Момчило Аврамовски, Борис Кукуњавски, Трајко Тошевски, Александар Симоновиќ – Симо, Марија Величковска, Дејан Арсовски – Бабата, Зоран Арсовски – Бабата, Далибор Крстевски и Наташа Петковска.

Биеналната изложба на цртежи „Скици 2014“ претставува обид за континуирано презентирање на цртежот како значаен сегмент кој полека се наметнува во севкупното претставување на ликовните уметници од Куманово. Идејтата се роди во 2006 год. како проект на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово и оттогаш на секои две години е присутна во јавноста со нова изложба којашто претставува пресек на цртачкото творештво на кумановските академски сликари.

Тоа присуство е особено значајно за цртежот како дисциплина, бидејќи е еден од ретките проекти којшто го промовира цртежот во државни рамки – велат од Центарот.

You May Also Like