Поетскиот караван на ДПМ продолжува во Гостивар

Поетскиот карван на Друштвото на писателите на Македонија продолжува во Гостивар. На 28 септември, пред храмот Св.Ѓорѓија во селото Дебреше, Гостиварско, ќе настапат осумина поети, членови на ДПМ.

writing

Во карванот на Друштвото на писателите, во рамките на проектот „Почувствувај ја Македонија“, со цел афирмација и доближување на литературното творештво до читателите, до сега учествуваа 37 поети од различни генерации.

Карванот започна на 22 јуни во Дебар, потоа се одржа во Охрид, Прилеп, Штип и Битола,а сега, преку Гостивар, ќе продолжи низ повеќе градови од земјата, меѓу кои, Велес, Куманово, Неготино, Струмица и Виница. Средбите со љубителите на пишаниот збор, се одржуваат на неконвенционален начин, на отворен простор, и се во функција на запознавање со природните убавини, историските знаменитости и духовните светилишта на Македонија.

You May Also Like